Kasım İleri
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Меѓународната коалиција против ДЕАШ, предводена од САД, соопшти дека американски воен авион од типот F-15E во јужниот дел на Сирија соборил беспилотно летало од типот Shahed 129, од иранско производство, за кое се верува дека е во рацете на силите лојални на сирискиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Американски воен авион од типот F-15E, како што се наведува, на подрачјето на Ал Танф во јужниот дел на Сирија, собори беспилотно летало, кое се приближувало кон силите на меѓународната коалиција.
„Вооружено беспилотно летало од типот Shahed 129 им се приближувало на коалициските сили со непријателски намери. Леталото, кратко потоа во вечерните часови е соборено од страна на американски авион F-15E Strike Eagle", се вели во соопштението.
Се напоменува дека авионот F-15E првин издал предупредување за беспилотнoто летало, но тоа било соборено откако продолжило да се движи кон силите на меѓународната коалиција.
Се додава дека беспилотното летало е соборено на истото место каде што на 8 јуни беше соборено друго беспилотно летало.