A. Eda Ünlü Özen
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
АНКАРА (АА) - Заменик премиерот на Турција, Нуман Куртулмуш, денес во Анкара по седницата на Владата изјави дека со одлуката донесена на денешната седница, службениците во разните министерства кои се членови на терористичката организација ФЕТО, ќе го изгубат статусот на државни службеници, јавува Anadolu Agency (AA).
„На денешната седница разгледани се две одлуки со тежина на закон. Една од нив е одлуката број 670 според која службениците во некои министерства, членови на терористичката организација ФЕТО, пред сè во Mинистерството за надворешни работи, крајбрежната стража и турските вооружени сили, ќе го изгубат статусот на државни службеници” , изјави Куртулмуш.
Заменик премиерот на Турција изјави дека на денешната седница на Владата со која претседаваше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, присуствувале и началникот на Генералштабот, Хулуси Акар, и шефот на Националната раузнавачка служба на Турција (МИТ), Хакан Фидан.