Cüneyt Karadağ
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
БОН (АА) - Германскиот адвокат Јахја Мартин Хеисинг вели дека е импресиониран од храброста на незаштитените граѓани на Турција, кои при обидот за државен удар од страна на ФЕТО на 15 јули, излегоа пред тенковите, јавува Аnadolu Agency (AA).
Хеисинг кажа дека нема зборови со кои може да го опише жртвувањето на турскиот народ.
„Застанувањето на незаштитените граѓани пред тенковите и пред куршумите мене ми остави голем впечаток. Ова беше еден од најважните моменти во мојот живот. Oва целиот мој живот нема да го заборавам“, изјави тој.
Хеисинг раскажува дека за време на обидот за државен удар тој со својата сопруга бил на одмор во Турција.
„За време на обидот за пуч јас бев вo џамијата Рамазан Ефенди во Коџамустафапаша. Ми се јави сопругата и веднаш отидов дома. По повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, заедно со синот и дедо ми излеговме на улица. Овој обид беше планиран со цел да се собори власта на Ердоган. Се почуствував одговорен да излезам на улица и да му се спротивставам на ова. Кога стигнавме во општина Фатих, дознавме дека биле застрелани 17 лица“, изјави тој.
Хеисинг вели дека пред 20 години го прифатил исламот како вера и дека од причина што сопругата му е Турчинка, тој често доаѓа во Турција.
Тој кажува дека самиот бил сведок на жртвувањето на сите млади и стари луѓе во ноќта на обидот за воен удар.
„Граѓаните не го дозволија овој обид против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Излегувајќи против воениот удар, граѓаните уште еднаш покажаа дека сакаат да бидат водени од тие што биле избрани на избори. Тие испратија порака дека владетелите што не ги сакаат ќе ги симнат на избори, а не со воен удар“, изјави тој.
Хеисинг вели дека додека чекал за намаз во џамијата Рамазан Ефенди видел луѓе како се молат – и покрај сите овие случувања, тие не ја изгубиле трпеливоста и мирно се однесувале.
- Ердоган, фактор на стабилност во исламскиот свет -
Јахја Хеисинг изјави дека Реџеп Таип Ердоган е искучително важна личност и лидер за исламскиот свет.
„Ердоган за исламскиот свет е фактор на стабилност. Ако тој се кандидира во некои од исламските држави, ќе ја добие поддршката од 90% од граѓаните. Турција многу го сака Ердоган. За жал, во Турција имало многу негативности пред тој да дојде на власт. Но, откако е дојден тој на власт, како и во сите области, и во областа на демократијата и на човековите права има голем напредок. Неговата политика им пречи на западните држави“, изјави тој.
Хеисинг исто така забележа дека Ердоган сака исламскиот свет да го задржи заедно и во случај воениот удар да беше успешен, тоа ќе значеше чекор наза за целиот исламски свет, исто така исламскиот свет ќе се дестабилизираше. „Но за среќа, државниот удар не беше успешен”, рече тој.
- Критики за западните земји -
Хеисинг вели дека вниманието на целиот исламски свет било насочено кој Турција и кон Ердоган. Исто така, тој ги критикуваше ставовите на земјите од Западот против Турција.
Тој изјави дека германските политичари не обрнуваат големо внимание на човековите права.
„Ова е политика на интереси. Видете ги економските односи на Германија, САД и на Кина. Таму никој не спомнува за човековите права. Ова е формална политика на интереси. Американскиот претседател Барак Обама ја доби Нобеловата награда, но беспилотните летала беа причина за смртта на многу луѓе. Не се затвори ни Гвантанамо. Тоа не се критикува, ова е лицемерие“, изјави тој.
Според него, обвиненијата против Турција за непочитување на човековите права не се објективни.
„На ова ништо не се гледа. Во Турција, во споредба со Германија, петпати повеќе има бегалци. Бегалците во Турција живеат во мир и безбедност. А во Германија само оваа година беа нападнати повеќе од 6.000 бегалци. Беа навредувани. Има напади врз куќите. Човековите права се доживуваат, а не се зборуваат. Кога правам споредба, мислам дека обвиненијата кон Турција се неправедни. Во Турција не жари ниедна куќа на бегалците“, изјави тој.
Јахја Хеисинг истакна дека медиумите во Германија сакаат да поттикнат омраза против Турците.
„Германските медиуми сакаат да ги сегрегираат заедниците што живеаат тука. Ова не е добро“, рече тој.