Sinan Uslu
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим за терористичкиот напад од страна на ПКК врз конвојот на лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) изјави дека претставува еден низок терористички акт врз стабилноста на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим во писменото соопштение поврзано со терористичкиот напад на ПКК врз конвојот на лидерот на Републиканската народна партија на Турција (CHP), Кемал Киличдароглу, истакна:
„Терористичкиот напад од страна на ПКК врз лидерот на главната опозициска партија ЏХП во Турција, Кемал Киличдароглу, претставува терористички акт врз стабилноста на Турција и нејзиниот јавен ред и мир. Со огорченост го осудувам овој напад".
„На почитуваниот претседател на ЏХП, Киличдароглу, на безбедносните сили и на сите граѓани на Турција нека им е со помин, на загинатите војници Господ нека им се смилува, а на ранетите војници им посакувам брзо заздравување", вели Јилдирим во своето писмено соопштение и додава:
„Неморалните терористи и оние кои стојат зад нив поставија заседа на територијалниот интегритет, единството и поредокот на Турција. Но треба да знаат дека никогаш нема да успеат со своите амбиции да му наштетат на единството во Турција и ќе се соочат со заслужената казна. Турција нема да направи компромис за демократијата и владеењето на правото, и ќе им ги расипе плановите на терористичките организации кои се непријатели на луѓето и човештвото. Уште еднаш го осудувам овој терористички напад на ПКК врз лидерот на главната опозициска партија, Киличдароглу".