Meryem Göktaş
27 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони уништија неколку позиции на терористичката организација ПКК во северен Ирак, како дел од антитерористичката операција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб на социјалната мрежа Твитер објави дека воздушните напади биле спроведени вчера во северноирачките региони Авашин-Басјан, Синат-Хафтанин, Метина и Кандил.
Во соопштението се додава и дека за време на операцијата биле уништени и складишта за оружје и засолништа на терористите.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица.