İlkay Guder
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Со бројни манифестации, Турција денеска го одбележува националниот празник 19 мај - Ден на младите и спортот, што воедно е и ден за сеќавање на првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Реџеп Таип Ердоган во претседателската палата во Анкара организираше прием по повод празникот за младите спортисти и сите делови на Турција, како и младите од Турската Република Северен Кипар.
Ердоган во својот говор им го честиташе на сите млади 19 мај и го изрази своето задоволство поради тоа што на националниот празник има можност да се дружи со млади луѓе, кои според него се иднината на Турција.
„Вие сте оние кои од денес ќе бидете во првите редови на реформите и револуцијата. Вие сте тие што ќе му ја покажете на светот моќта на турскиот народ", порача Ердоган на собраните млади спортисти на приемот во претседателската палата во Анкара.
Коментирајќи во врска со обидот за државен удар јули во 2016 година, Ердоган истакна дека иако Турција беше нападната од најкрвавата терористичка организација, никогаш нема да се откаже од своите цели. Слични програми по повод празникот 19 Мај се организирани во повеќето турски градови.
Во Анкара, турскиот министер за млади и спорт Акиф Kагатај Килич со делегација положи венец пред Антикабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република и нејзин прв претседател.
Со едноминутно молчење е одадена почит на основачот на модерна Турција, а по интонирањето на националната химна сите се потпишаа во книгата на гостите.
Инаку, 19 мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја почнаа борбата за независност на својот народ, и ги постави темелите на денешна Турција.
Тоа е причината зошто 19 мај е исклучително важен во Турција.
Денот на младите и спортот се прославува со различни настани во Република Турција, како и во другите земји во светот во кој живее турската дијаспора.