Zuhal Kocalar
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
КИЛИС (АА) - Сиријските деца кои беа принудени да ги напуштат своите огништа поради граѓанската војна во земјата, се чувствуваат среќно и задоволно во центрите за згрижување во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците кои АА ги доби од Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), околу 8 милиони лица од Сирија биле принудени да ги напуштат своите домови и благодарение на политиката на отворени врати што ја спроведува Турција, голем број сириски семејства се сместија во градовите-контејнери и градовите од шатори кои ги изгради Турција во близина на сириската граница, а дел од нив кај своите роднини.
- Повторно го засакаа животот благодарение на целосно опремените училишта од страна на АФАД
Уште од првите денови, Турција ги пружи своите раце кон сиријските бегалци и во 25 центри за згрижување им дава секаков вид помош и улуги. Во овие центри има маркети, греење, постојат мерки за безбедност, создадена е инфраструктура, центар за информации, пожарна служба, преведувачи, психолошка помош, можат да се извршуваат ветските обврски и банкарски услуги.
Во градовите-контејнери и градовите од шатори, вниманието го привлекуваат насмеаните лица на децата на сиријските семејстава, жртви од војната. АФАД во центри за згрижување отвори целосно опремени училишта во кои околу 70.000 деца повторно го продолжија своето прекинато школување. Децата кои не се на возраст за поседување на школската настава, со своите врсници цел ден играат и трчаат по улиците на кампот. Понекогаш децата со своите врсници си играат во парковите од кампот, а понекогаш играат топка пред своите домови.
Додека мајките се зафатени со домашните обврски, со затоплувањето на времето, по улиците од кампот може да се чуе веселиот детски жагор и смеа. Уште поголемо е задоволството кај нивните родители кога ќе ги видат насмеаните лица на своите деца, кои во Турција го најдоа својот спокој, откако беа принудени да ги напуштат своите домови поради војната во Сирија.
- Модерни станбени објекти
Во периодот на интензивните миграции на сиријците во 2012 година, на површина од 360.000 квадратни метри е изграден центарот за сместување Онџупинар, кој изминативе години стана нивен дом.
Во овој центар за сместување, во кој се згрижени 16.000 лица има 1.973 еднокатни и 1.275 двокатни контејнери кои имаат две соби, купатило и тоалет, во кој едно 7-8 члено семејство може комфорно да живее.
Во кампот во кој има високо ниво на обезбедување не се заборавени ниту децата. За вкупно 9.275 малолетни деца, т.е. 2.891 дете на возраст од 0-4 години, 4.045 на возраст од 5-11, 2.239 на возраст од 12-17 години во кампот е обезбедено е згрижување и школување во изградените јасли, градинка, основно училиште и средно училиште.
Во кампот покрај тоа, лицата кои го завршиле средното образование посетуваат настава за учесе на турскиот јазик и подготвителна настава за запишување на универзитетите во Турција. Оние кои со успех ќе ја завршат наставата, ќе можат да студираат на различни универзитети во Турција. Во кампот има и 120 ученици кои го продолжуваат своето академско студирање.
Во кампот во кое големо значење му се придава на образованието, со коордианција на министерството за семејство и социјална политика постои Центар за психо-социјална поддршка, во кој им се дава лекарска помош на децата и возрасните, жртви од војната.