Besar Ademi
11 Февруари 2016•Ажурирај: 12 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во мај минатата година во "Диво Насеље", што започна пред два дена, продолжи и денеска во просториите на Врховниот суд во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на двајца од обвинетите, Мефаил Аслани, рече дека еден од неговите клиенти денеска изјави "четири лица од вооружената група се предадоа живи, а подоцна беа екзекутирани во полициската станица, каде што беа однесени".
„Еден од моите клиенти денес изјави дека после предавањето на групата, Мирсад Ндрецај, Ваљон Кабаши, Самит Кастриоти и Бег Ризај биле живи и според зборовите на клиентот биле екзекутирани во полициската станица, каде што биле однесени”, рече Аслани.
Обвинетите ги негираат обвинувањата, од друга страна, обвинителството тврди дека има докази дека 29-те обвинети се виновни за ова дело.
„Ние не се согласуваме и не гледаме некои битни елементи на овие кривични дела за кои се товарат овие момчиња”, рече Аслани.
Адвокатот на еден од обвинетите, Љупчо Веселиновски, изјави дека „како одбрана ќе докажеме дека не се исполнети битните елементи на делата со кои се товарат скоро сите обвинети. Се наѕира од нивната реакција и нивните изјави дека позадината е нешто друго, за кои јавноста знае подобро од медиумите. Мислам дека и ние во текот на постапката ќе го докажеме тоа со факти и докази”.
Обвинетите се товарат за дело „тероризам” и „терористичка организација”. Според обвинението, некои од обвинетите на 21-ви април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле сето оружја за логистичка поддршка.
На 9-ти и 10-ти мај минатата година во „Диво Насеље” во Кумаоново, во полициска акција за спречување вооружена група загинаа десет припадници на вооружената група и осум полицајци, а над 30 беа повредени.