Cüneyt Ateş
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим за гласањето во германскиот парламент поврзано со настани од 1915 во Турција, изјави дека „понекогаш земјите кои ги знаевме како пријателски, поведени од очајот во внатрешнополитичката ситуација, помислувајќи ‘каде да го свртиме вниманието’ им доаѓаат извонредни идеи, и оваа е една од нив" , јавува Anadolu Agency (AA).
„Германија минува низ период на тестирање на пријателството. Всушност ова не е наш проблем, тоа е проблем на Германија. 3,5 милиони нашите сограѓани, кои се по потекло Турци имаат имаат право на глас во Германија. Тие придонесуваат во германската економија со 40 милијарди евра, 400 илјади имаат работен однос, на милиони луѓе им обезбедуваат храна, леб. Сметам дека Германија нема право да ја разочара големата турска заедница".