Satuk Buğra Kutlugün
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турската владејачка Партија за правда и развој (AK Parti) денес официјално го номинираше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за свој кандидат на претстојните избори на 24 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Номинацијата на Ердоган, кој воедно е и претседател на АК Партијата, ја објави турскиот премиер Бинали Јилдирил на состанокот на парламентарната група.
„Нашиот кандидат е човекот на нашата нација. Заедно со Алијансата го прогласуваме Реџеп Таип Ердоган како наш претседателски кандидат“, рече Јилдирим, осврнувајќи се на Народната алијанса, која Партијата за правда и развој (AK Parti) ја формираше заедно со Партијата на национално движење (MHP), која, исто така, му даде поддршка на Ердоган.
Партиите АК и МХП се сојузници за Претседателските и парламентарните избори на 24 јуни.
Ердоган е претседател од 2014 година. Пред тоа, во периодот од 2003 до 2014 година, беше премиер на државата.
Доколку победи на изборите во јуни, тој ќе биде првиот лидер на Република Турција во претседателскиот систем.