Furkan Abdula
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадата на Турција во Република Северна Македонија упати сочувство до семејствата на загинатите во вчерашната сообраќајна несреќа близу Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на социјалните мрежи на турската Амбасада, веднаш по сообраќајната несреќа, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, заедно со делегација составена од претставниците на турските институции во земјата, ја посетила болницата „8-ми Септември“ во Скопје.
„Амбасадорката Еркал Кара, која одблизу ги следи збиднувањата, за време на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицепремиерот д-р Бујар Османи, министерот за економија, Крешник Бектеши и со министерот за здравство, д-р Венко Филипче, кои беа присутни во болницата, им пренесе дека Република Турција е подготвена да пружи секаква помош, вклучувајќи и амбулантен авион. Понудата за помош и поддршка на нашата земја е прифатена со благодарност“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Амбасадата на Турција изразила сочувство до семејствата на загинатите, а на ранетите им посакала брзо заздравување.
Потсетуваме, патнички автобус вчера излета од Автопатот Скопје - Тетово и се преврте во близина на селото Ласкарци на излезот од Скопје кон Тетово.