Dzihat Aliju
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Новоназначената амбасадорка на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, ја посети канцеларијата на Anadolu Agency (AA), при што се информираше за работата на агенцијата.
Амбасадорката Кара разговараше со вработените, а уредникот на редакциите на македонски и албански јазик, Аднан Идриз, ја информираше за активностите на овие редакции во Македонија, Албанија и во Косово.
Амбасадорката на Турција, Кара, ја опиша АА како најсилен и најточен извор на информации и додаде оти АА е сериозен бренд за Турција.
Кара рече дека претходно информациите за случувањата во Турција се следеле од други извори, но нагласи оти од денот кога почнала да ја врши својата нова функција забележала дека работењето на АА има огромен придонес во земјата.
Таа пренесе дека ги посетила турските институции во Македонија и дека ќе работат во насока да им се помогне да сонародниците во државата.
Кара истакна дека ќе ги поддржат инвеститорите за да пораснат инвестициите во државата и дека како прва жена – амбасадорка на Турција во земјата, ќе преземе активности во проекти што ќе ги поддржат жените и децата.
За крај, таа рече дека ќе продолжат да придонесуваат во соработката меѓу двете држави, најпрво во сферата на економијата и културата.