Sena Güler
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Адвокатите на амерканскиот свештеник кој се товари за поврзаност со тероризмот, денес поднесоа барање за негово ослободување до највисокиот суд во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори од судот соопштија дека Исмаил Џем Халавурт, адвокат на свештеникот Ендрју Брансон, поднесол молба до турскиот Уставен суд откако беше одбиен од Високиот кривичен суд на областа Измир.
На 25 јули, поради наведени здравствени проблеми на Брансон, судот во Измир донесе одлука за негово преместување од затвор во домашен притвор.
Набргу потоа, Халавурт вложи жалба до 2. Висок кривичен суд во Измир за ослободување на Брансон од домашен притвор и забрана за напуштање на земјата, а подоцна и до 3. Висок кривичен суд од кого жалбата беше одбиена.
Брансон се товари за шпионажа во корист на ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на САД и Турција, и во корист на ФЕТО, терористичката организација која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, 2016 година.
Турција и САД имаат нарушени односи поради наметнувањето санкции од страна на Вашингтон кон Турција поради притворањето на Брансон.
Политичките тензии помеѓу двете земји предизвикаа загриженост на пазарите откако американскиот претседател Трамп се закани дека ќе употреби економски притисоци со цел да издејствува ослободување на Брансон.