Çiğdem Alyanak,Andaç Hongur
03 Октомври 2018•Ажурирај: 03 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денес започна „TRT World Forum“ на кој учествуваат еминентни гости, со цел барање решение за актуелните глобални проблеми и предизвици во областите на културниот, политичкиот, економскиот и социјалниот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Форумот се одржува во истанбулскиот „Swiss Hotel Bosphorus“, а станува збор за собир на кој ќе бидат одржани 12 затворени и десет отворени сесии.
Главна тема на Форумот чиј глобален медиумски партнер е Anadolu Agency (AA) е „Размислување за мирот и безбедноста во фрагментираниот свет“.
За мирот и безбедноста и современите предизвици на светот, во Истанбул ќе разговараат повеќе од 600 учесници, меѓу кои еминентни академски лица, политичари и бизнисмени.
Утре на крајот на Форумот на учесниците ќе им се обрати и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.