Bekim Laci
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Пред да го започне своето сведочење, премиерот Груевски побара седницата да биде од затворен тип, бидејќи како што кажа тој сакал истата да помине во мирна атмосфера, јавува Anadolu Agency (АА).
Пред сведочењето на Груевски, Анкетната комисија имаше едночасовна полемика помеѓу членовите за начинот на сведочењето на премиерот, кој претходно со писмо побарал од Комисијата да сведочи на затворена седница.
Иако премиерот се појави пред вратата на Анкетната комисија во која имаше и резервирано место, тој не влезе да сведочи, бидејќи, како што кажа пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошевски, на премиерот треба да му се овозможи она што претходно го побарал.
„Во согласност со одлуката за формирање на Анкетната комисија, член 4 параграф 4, треба да му обезбедиме услови на секого којшто ќе го побара истото“, кажа Милошоски.
Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, од почетокот на седницата инсистираше премиерот Груевски да се појави во својство на сведок и откога ќе се констатира неговото присуство да се премине на реализирање на неговото барање.
„Барам од Груевски да дојде, за да констатираме негово присуство и потоа да го реализираме неговото барање. Условите ќе се исполнат, но претходно тој треба да дојде за да констатираме дека тој има испратено барање“ рече Шилегов.
Анкетната комисија во македонското Собрание е формирана во согласност со политичкиот договор од „Пржино“ и истиот има за цел да ги обелодени аферите „Пуч“ и незаконските прислушкувања.