Admir Fazlagic
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната прес конференција соопшти дека партијата чијшто лидер е тој не ги прифаќа резутатите од локалните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Груевски ги оцени како нерегуларни локалните избори наведувајќи дека имаше „бројни притисоци, закани и уцени на гласачите" и побара одржување на предвремени парламентарни избори кои ќе бидат спроведени од техничка влада.
„Во текот на денешниот ден беа забележани огромни нерегурланнроности притисоци, закани и уцени од униформирани и неуниформирани лица, однапред закоужени ливчиња", рече Груевски додавајќи дека немаше фер и демократски избори како и дека изборниот процес поминал со „закани, уцени и огромен поткуп."
Поради наведените причини, лидерот на ВМРО ДПМНЕ објави дека оваа политичка партија не ги прифаќа локалните избори.
„Заради кривичните дела кои ги направија во изборите и согласно одлуката на Извршиот комитет, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори", порача Груевски.
Во име на партијата Груевски упати седум барања до власта, за како што рече враќање на демократијата и достоинството во земјата.
Тој побара организирање предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел, кои ќе бидат спроведени од техничка влада како и парламентарните избори на исти начин како што беа организирани во 11 декември 2016, итна смена на директорот на Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги и именување на директор од редовите на опозицијата, оставка на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски и враќање на старото законско решение од редовите на опозицијата.
Меѓу барањата коишто ги соопшти Груевски беа и итна истрага и вештачење на уредите за прилсушување во Упавата за безбедност и контраразузнавање (УБК) поради сомнеж, како што рече тој, дека се прислушкуваат најмалку 100 лица од ВМРО ДПМНЕ, итно завршување на судењето на Заев за случајот поткуп, основање на Специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчитување на избрните нерегуларности во 2016 и 2017 поради, како што наведе, злоупотреба на целиот државен апарат, како и итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните во Собранието од 27 април.
- СДСМ: Голема победа на граѓаните на Република Македонија, изборите беа регуларни
Претседателот на владејачакта партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев во своето обраќање по затворањето на бирачките места истакна дека денешите локални избори се голема победа за сите граѓани на Макеоднија и порача дека изборите беа фер, демократски и регуларни.
„Ова е голема победа за граѓаните на Република Македонија, ова е празник за демократијата. Имавме фер и демократски избори. Резултатот беше очекуван, за нас, за ннашиот политички противник, но и за граѓаните”, рече Заев.
Тој порача ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитат својот став за непризнавање на изборниот процес за кој рече дека помина во фер и демократска атмосфера. Претседателот на СДСМ апелираше до раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во прв план да ги стават интересите на граѓаните на Република Македонија.
- ДУИ: Изборите демократски, граѓаните слободно ја изразија својата волја
Оценката на Демократската унија за интеграција е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја. Ова го истакна шефот на изборниот штаб на партијата Арбр Адеми по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори.
„Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат", реече Адеми.
- БЕСА: Изборниот ден помина со низа неправилности
Движењето БЕСА вечерва обвини за низа неправилности во текот на денешното гласање за вториот круг од локалните избори, кое, спроед нив, се одвивало во тензична атмосфера.
Фатон Фазлиу од БЕСА по затворањето на гласачките места оцени дека гласањето било со серија неправилности и во тензична атмосфера.
Инаку, вториот круг од локалните избори се спроведува во 35 општини, на 1.517 избирачки места каде право на глас имаа 833.710 граѓани.
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто.
Ова се шести локални избори во Република Македонија по нејзиното осамостојување – првите се одржаа во 1996 година, потоа во 2000, во 2005, во 2009 и последните во 2013 година.