Besar Ademi, Ilkay Guder, Cuneyt Davut
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - "Ете, во Америка постои фанатичко лице со име" Трамп ". Тој ги понижува муслиманите и прави ксенофобија. Ова е поддршка на судирот на цивилизациите и тоа е во корист на терористичката организација ДАЕШ. Поради оваа, сите ние треба да ја воздигнеме толеранцијата", изјави Вицепремиерот на Република Турција, Јалчин Акдоган, кој денеска престојува во Република Македонија по повод 21 декември- Денот на образованието на турски јазик во Македонија, обраќајки им се на присутните во салата Борис Трајковски, кадешто по говорите на функционерите започна концертот на познатиот турски пеач Мустафа Џеџели, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски, со кој вицепремиерот на Турција Акдоган, ги подели наградите на успешните студенти во натпреварите по турски јазик.
Претходно, на приемот организиран во хотелот "Александар Палас" вицепремиеротЈалчин Акдоган се состана со турските наставници во Македонија, додека во салата "Борис Трајковски" им се обрати на турските сонародници кои живеат во Македонија.
Поздравувајќи ги илјјадници луѓе кои беа присутни во салата, Акдоган ги пренесе поздравите од турскиот претседател и турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган, Ахмет Давутоглу, како и од 78-те милиони жители на Турција.
Aкдоган, нагласувајќи дека Македонија продолжува да ја одржува нејзината мулти-културна структура, додаде дека оваа земја претставува пример за Европа.
Вицепремиерот Акдоган рече дека во Европа се создава расизмот, се уништуваат џамиите, се палат куќите на Турците.
"Ете, во Америка постои фанатичко лице со име" Трамп ". Тој ги понижува муслиманите и прави ксенофобија. Ова е поддршка на судирот на цивилизациите и тоа е во корист на терористичката организација ДАЕШ.
Поради оваа, сите ние треба да ја воздигнеме толеранцијата" , истакна тој.
Во својот говор Акдоган додаде дека турскиот јазик е јазик на толеранција и пријателство. Меѓу другото, турскиот вицепремиер кажа дека Турција е регионална сила и овој регион, и како што рече тој, продолжува да расте.
"Како резултат на тоа, целиот овој регион ќе биде безбеден и стабилен", рече Акдоган.
- Македонскиот премиер Никола Груевски: Турскиот народ е важен дел од македонското општество -
На манифестацијата се обрати и премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој истакна дека по деветти пат се слави празникот на Турската заедница во Република Македонија, додавајќи дека овие девет години се слават заедно и на новите генерации им порача да го зајакнуваат единството и да се почитуваат едни со други.
"Турската заедница во Македонија е важен дел од нашето општество која има важна улога во развојот и напредокот на земјата кои се спроведуваат заеднички. Турската заедница во Македонија придонесува во економијата, политиката, спортот, културата на земјата учествува во сите општествени сфери ", рече Груевски, честитајќи им го националниот празник на Турците во Македонија 21 декември- Денот на наставата на турски јазик.
Груевски додаде дека образованието на мајчин јазик во Македонија е долга традиција, како и дека мајчиниот јазик е една од главните карактеристики на една етничка заедница.
"Поради ова овој ден е важен за Турците во Македонија, но во исто време е важен и за нас и нашето општество, кое со години претставува голем број на култури, етнички заедници и религии", рече тој, додавајќи дека заедно со сите етнички заедници во Република Македонија, ќе продолжат и во иднина да ја развиват Македонија.
Груевски додаде дека во иднина заедно со етничката Турска заедница ќе продолжи да се развива Македонија и тоа ќе придонесе за билатералните односи меѓу Турција и Македонија, која се карактеризира со блиско пријателство и соработка со заеднички интерес.
Турската заедница во Македонија на 21 декември 1944 година доби право на образование на мајчин јазик. Тој ден од 2007 година се слави како Ден на наставата на турски јазик и е неработен за припадниците на Турската заедница во Македонија.