Hülya Çorakçı Ertan
07 Август 2016•Ажурирај: 07 Август 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Партијата на националното движење (МХП), Бахчели, на Митингот за демократија и загинатите херои истакна дека е среќен што ја гледа Турција исправена после сите настани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Среќен сум бидејќи гледам како нашата Турција стои исправено по настаните кои се случија. Среќен сум бидејќи народот е тука, волјата е тука, вербата е тука. Ракaта која не се витка, главата која не се спушта, непобедливата национална моќ е тука, на овој плоштад".