İlkay Güder
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со лидерот на турската опозициска Партија на национално движење (MHP), Девлет Бахчели, кој вчера повика на распишување на предвремени избори во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател и лидер на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), Реџеп Таип Ердоган, го прими Бахчели во кабинетот во Претседателската палата, а разговорот зад затворени врати траеше половина час.
Бахчели вчера ги повика надлежните турски власти да распишат и одржат предвремени Претседателски и парламентарни избори на 26 август оваа година.
Тој предлог на Бахчели беше главна тема на неговиот состанок со Ердоган, а во наредните часови се очекува објавување детали од денешниот разговор.
Редовните избори во Турција се планирани за ноември наредната година, а важни се со оглед на тоа што на минатогодишниот Референдум е одобрена одлука за премин од парламентарен на претседателски систем на управување во оваа земја.