Burcu Çalık
24 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Партијата на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, своето право на глас на претседателските и парламентарни избори во Турција, го искористи во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Бахчели, по гласањето ја даде следната изјава: „Од Семоќниот Господ, на нашата држава, на нашиот народ и на Републиката, срдечно им посакувам добри и успешни избори. Овој ден, 24 јуни 2018 година е значаен ден за нашата нација. Верувам дека изборите ќе поминат во најдобар ред и Турција по нив ќе влезе во една нова доба. Им посакувам успех на сите политички партии и кандидати.“
- „Нема да има ниту еден фактор кој би одиграл улога на попречувач“
На прашањето на претставник на медиумите околу тврдењата во Суруч, Бахчели одговори:
„Сѐ уште не сум потполно информиран. Но министерот за внатрешни работи и одговорните институции ги презеле сите потребни превентивни мерки. Нема да има ниту еден фактор кој би одиграл улога на попречувач. Би можеле да имаме здрави избори.“