Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ХАТАЈ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Хатај се сретна со сириското детенце Керим и неговиот татко Ебу Мухамед, кои се евакуирани од Источна Гута, а потоа префрлени во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоганво прегратки го зеде бебето кое потоа заспа, а покрај него беа неговиот татко и двете сестри.


Бебето Керим е тешко рането и остана без едното око во напад на силите на Асадовиот режим. Утрово, бебето Керим, заедно со неговото семејство беше евакуирано од Источна Гута во Идлиб, кој е под контрола на сириската опозиција.
Керим е ранет во артилериски напад на режимот на Асад додека бил во прегратките на неговата мајка. Стана симбол на отпорот на цивилите на откако АА ја објави приказната за неговата судбина.
Бебето и неговото семејство прво се сретнаа со директорот на Турската Црвена полумесечина, Керем Киник.
Киник во таа пригода изјави дека шестмесечното бебе е здраво, но дека ќе биде префрлено на лекарски преглед во Турција.
„Бебето Керим во Источна Гута не можеше да добие никакво лекување. Не му е допуштено да се лекува. Беше рането и само се опоравуваше. Така ја испрати пораката до светот. Пружи отпор, остана жив за сите невини деца“, рече Киник, додавајќи дека Керим ќе се лекува во Турција.
Корисниците на социјалните мрежи, особено на Твитер, кон крајот на минатата година започнаа кампања за крај на опсадата на подрачјето и постојаните воздушни и артилериски напади од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад врз цивилите во Источна Гута.