Ahmet Gürhan Kartal
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот висок претставник во ЕУ денес даде оставка, при што создаде големи проблеми за земјата пред престојните преговори за Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).
Британското министерство за надворешни работи и Комонвелт ја потврдија оставката на Сер Иван Роџерс, кој претходнo тврдеше дека усогласувањето на финалниот трговски договор по Брегзит со останатите земји на ЕУ би можело да трае и 10 години.
Сер Роџерс на почетокот од 2016 година ги водеше преговорите на поранешниот премиер Дејвид Камерон со ЕУ, кои подоцна беа проследени со референдумот на 23 јуни, кој пак резултираше со одлуката за напушање на Европската Унија.
Роџерс беше назначен во 2013 година, а неговиот мандат треба да заврши во ноември оваа година.
Премиерката Тереза Меј, инсистираше дека нејзината влада ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, кој формално ќе го иницира излезот на државата од 28-членскиот блок, и покрај одлуката на Високиот суд на Велика Британија, која вели дека прво треба да се консултираат британските пратеници.
Владата на Меј поднесе жалба во врска со оваа одлука до Врховниот суд, кој ја презеде во декември 2016 година. Конечната одлука се очекува на 9 јануари.