EKipa
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
ЛОНДОН (АА) - Пратениците во Парламентот на Велика Британија, со мнозинство гласови, 522 гласа за и 13 против, го поддржаа предлогот на премиерката Тереза Меј да се одржат предвремени изботи на 8 јуни оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Резултатот од гласањето лесно го премина неопходното двотретинско мнозинство во парламентот кој има 650 пратеници. Секако, имаше и голем број воздржани пратеници.
Меј изјави дека одржувањето на парламентарните избори во јуни, а не во 2020 година, како што беше планирано, ќе ѝ даде на земјата сигурност и стабилност по референдумот за излез од ЕУ и преговорите со европскиот блок за Брегзит.
Меј се надева дека на парламентарните избори ќе добие посилно мнозинство на конзервативците во парламентот, со што би била зајакната нејзината позиција по преговорите за излез од ЕУ.
Опозициската Лабуристичка партија и Либерално-демократска ја поздравуваат можноста да ја претстават својата политика пред гласачите, иако Шкотската национална партија тврди дека повикот за вонредни избори е циничен трик.