Hasan Esen
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
БРИСЕЛ (АА) – Претседателот на комисијата на Европската Унија (ЕУ), Жан-Клод Јункер, изјави оти се надева дека вистинските преговори за Брегзит ќе започнат по предвремените избори во Британија, јавува Anadolu Agency (AA)
Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, даде изјава во врска со прашањето за преговорите поврзани со излегувањето на Британија од ЕУ. Портпаролот пренесе дека Јункер синоќа телефонски разговарал со премиерката Тереза Меј, која одлучи на 8. јуни да се одржат предвремени избори во Британија и додаде: „По разговорот, Јункер оценува дека вистинските преговори во врска со членот 50 ќе започнат по предвремените избори“.
Велика Британија официјално го започна процесот за излегување од ЕУ, на 29. март, обработувајќи го членот 50 од Лисабонскиот договор, според кој се уредува напуштањето на одредена држава-членка од Унијата. Во следната фаза, страните треба да преговараат за договорот за излез од ЕУ. Се очекува процесот да биде комплетиран во рок од две години.