Hasan Esen
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Велика Британија денес официјално ја започна процедурата за излез од ЕУ, со што ќе биде завршено 44-годишното членство на таа земја во унијата на европските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Излезот од ЕУ, или популарно наречен Брегзит, граѓаните на оваа земја го изгласаа на референдумот одржан во јуни минатата година.
Постојаниот амбасадор на Велика Британија во ЕУ, Тим Бароу, денес во 13.20 часот му предаде допис на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, од британската премиерка Тереза Меј, со што е активиран членот 50 од Договорот за формирање на ЕУ, со кој се регулира излезот на земјата од членството во таа организација.
Притоа, Туск на социјалните мрежи објави дека по девет месеци, Велика Британија го започна Брегзит.
Велика Британија и ЕУ имаат рок за раздружување од две години.