Ata Ufuk Şeker
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Неколку стотици демонстранти протестираа денес во Брисел поради укинувањето на автономијата со наметнување на принудна управа и апсење на официјалните лица на Каталонија, кои шпанската влада ги спроведе по неуставниот референдум и прогласувањето независност на таа покраина, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите ги организираа каталонските здруженија кои ја поддржуваат идејата за независност на Каталонија, а собирот е одржан во бриселскиот парк, недалеку од седиштето на ЕУ.
Меѓу демонстрантите беа и министрите од суспендираната каталонска влада Меритксел Серер Алеу, Антони Комин и Клара Обиос за кои Шпанија издаде европски налози за апсење.

„Да живее Каталонија“,„ Слобода за политичките затвореници“, „ЕУ нека не молчи“ и „Европо, спаси ја Каталонија од шпанскиот фашизам“, беа некои од пораките на демонстрантите кои се собраа денес во Брисел.
Вниманието на јавноста го привлече и тоа што демонстрантите паралелно носеа и каталонски и фламански знамиња.