Burcu Arik
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Ирак, извести американскиот геолошки завод, пренесува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот бил 32 километри југозападно од местото Халепче, на длабочина од 33,9 километри.
Земјотресот се почувствувал во поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Багдад, а голем број граѓани, плашејќи се од нови потреси, ги напуштија своите домови.
Засега нема информации за можни жртви.
Ирачката телевизија објави дека „според првичните проценки земотресот е со интензитет од 4 до 5 степени”, информирајќи дека се забележани оштетувања на куќи во некои населени места во Керкук и Сулејмание.