Eshat Fırat
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
РАМАЛАХ (AA) - Во текот на протестите во Кудс, Западен Брег и Газа, поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел, денеска се повредени најмалку 92 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Црвената полумесечина е соопштено дека во текот на денешните протести во судирите со израелските сили , во улицата Селахатин во Кудс повредени се 12, во Западен брег во градовите Рамала, Бетлехем и Тулкерим 48 и во Газа најмалку 32 Палестинци.
Во соопштението на израелската војска е наведено дека во текот на денешните протести на Западен брег и Газа најмалку на 20 точки дошло до судири со Палестинците.
Нагласено e исто така дека најмалку 600 Палестинци на Западен брег фрлале камења на војската и запалиле гуми од автомобили. На протестите во Газа најмалку 450 Палестинци учествуваа во судирите со израелските сили.
Во врска со судирите во Кудс, наведено е дека се ранети најмалку шест Палестинци, како и двајца припадници на израелската полиција.