Murat Kaya,Muhammed Enes Can
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Турција се уапсени 60 бизнисмени кои се лишени од слобода поради сомнеж дека ја финансирале терористичката организација ФЕТО, а 50 од нив се ослободени со мерки на забрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Истанбул ги заврши процедурите за 110 бизнисмени чие апсење беше побарано од Обвинителството во Истанбул.
Дежурниот суд донесе одлука дека 60 лица, меѓу кои и членови на семејствата на истакнати турски бизнисмени, ќе бидат уапсени поради членство во терористичката организација, а за 50 од нив е донесена одлука: забрана за напуштање на земјата.
Новинарот на АА дознава дека Обвинителството ќе упати жалба на ослободувањето на одредени бизнисмени.
Во рамките на структурите на ФЕТО во деловниот свет, Обвинителството во Истанбул започна истрага, а во согласност со собраните докази е донесена одлука 380 лица да бидат приведени. Извршен е претрес во домовите и канцелариите на осомничените.
Акциите се спроведуваа во 35 града, меѓу кои и Истанбул, а приведени се 164 лица. Обвинителството ослободи 54 од нив.
Утврдено дека 110 се наоѓаат во странство, а се трага по 106 од нив.