ЖЕНЕВА (AA) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура изјави дека во недела би можеле да почнат преговорите со сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Мистура потврди дека во недела би можел да започне преговори со претставниците на сириската опозиција кои се наоѓаат во Женева.
Инаку, во Женева вчера почнаа нови мировни преговори, на кои учествуваат претставниците на режимот на Башар ал-Асад, делегацијата на сириската опозиција, како и меѓународните посредници во обид да се пронајде конечно решение за запирање на војната во Сирија која трае од 2011 година.
Според планот, претставниците на сирискиот режим и опозицијата во текот на преговорите ќе бидат во посреден контакт без водење директни преговори за иста маса. Се очекува и специјалниот пратеник на Обединетите нации, Стедан Де Мистура да одржи одвоени состаноци со претставниците и групите.
Дневниот ред на мировните преговори во Женева го сочинуваат спроведувањето на мапата на патот договорена порано со резолуција на Советот за безбедност. Според таа мапа на патот, под управа на Сиријците во текот на првите шест месеци, односно до јуни 2016 година, страните во земјата би требало да ги завршат преговорите да формираат преодна влада, како и во меѓувреме да постигнат потполно примирје на теренот. Исто така, во период од 12 месеци, би бил подготвен нов Устав и одржани слободни избори.
Прв чекор кон завршување на војната направен е на 30 јуни 2012 година, но женевскиот документ кој беше резултат на тогашните преговори никогаш не беше имплементиран. По тие преговори доаѓа до две нови рунди на мировни преговори, кои пропаднаа поради несложувањето за политичката судбина на Асад.
news_share_descriptionsubscription_contact
