Betül Yürük
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на преговарачкиот тим на сириската опозиција Салим ал-Муслет изјави дека делегацијата на Врховниот преговарачки комитет го започна состанокот со пратеникот на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, јавува Anadolu Agency (AA).
Мировните преговори со цел изнаоѓање на политичко решение на сириската криза започнаа во петокот во Женева, кога Мистура се состана со делегација на сириската влада, а денес е на распоред и состанокот со делегација на опозицијата.
На новинарите во Женева им се обрати претставникот на сириската опозиција Муслет и кажа дека опозицијата дошла на преговорите во Женева со цел да се спаси сирискиот народ, бегалците да се вратат во своите домови од Европа, но дека е невозможно да се вратат загинатите и удавените во морињата.
„Сакаме преговорите да започнат, но сакаме да видиме и дека меѓународната заедница конкретно презема нешто за да се имплементираат резолуциите кои ги усвоија 15-те членки на Советот за безбедност на ОН. Сакаме да видиме дека се доставува храна на нашите деца кои умираат од глад. Сакаме да видиме дека нашите жени уживаат слобода како и ослободување на сите затворенички од Асадовите затвори”, порача Муслет.