Merve Aydoğan
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ЕДРEНЕ (АА) - Најмалку 593 илегални мигранти се фатени во Турција, соопштија безбедносни извори денес, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во северозападната област Едерне фатени се 370 илегални мигранти кои се обидувале илегално да заминат во странство“, истакнаа безбедносните извори, кои зборуваа под услов на анонимност.
„Мигрантите, меѓу кои се наоѓаат државјани од Палестина, Мароко, Алжир, Сенегал, Иран, Ирак, Сирија, Либија, Авганистан, Бангладеш и Пакистан, фатени се за време на патролите во селата Орханије, Боснаќој и Јеникадин, како и во подрачјата Мерич, Узунќопру и Ипсала“, додава изворот.
Во подрачјето Ајваџик во северозападната област Чанаккале, од страна на тимовите на крајбрежната стража биле фатени 69 Авганистанци, вклучувајќи жени и деца.
„Крајбрежните тимови, исто така фатија 50 илегални мигранти во подрачјето на Дидим во западната област Ајдин“, вели безбедносниот извор.
Според друг безбедносен извор во подрчајето Алтинозу во јужната област Хатај, фатени се 43 Сиријци кои се обидувале илегално да влезат во Турција.
Турските безбедносни сили во близина на автобуски терминал во јужната турска област Адана, исто така пронашле 25 авганистански илегални мигранти, меѓу кои жени и деца.
Околу 23 мигранти, сите од Авганистан и Пакистан, фатени се во северозападната област Артвин. Исто така, 3 лица се уапсени поради сомнение за криумчарење луѓе.
Во југоисточната област Хакќари, од страна на жандармериските единици фатени се 13 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Сите илегални мигранти кои се фатени се испратени во подрачните канцеларии за миграции.
Турција е главна рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да преминат во Европа, особено од 2011 година кога започна сириската Граѓанска војна.