Besar Ademi
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) – Како последица од излевање на Смилковското Eзеро, обиколницата околу Скопје останува блокирана од протокот на кал, дрвја и возила предизвиканo од обилните врнежи од дожд во текот на минатата вечер, јавува Anadolu Agency (АА).
Излевањето од коритото на Смилковското Езеро освен материјална штета зеде и човечки жртви. Телата на лицата кои патувале по овој автопат и се затекнале на местото при надоаѓањето на буицата се најдени рано утринава.
Владимир Ангеловски, возач на камион, кој ја преживеа несреќата кога Смилковското езеро излезе од коритото, за АА рече дека во моментот кога сакал да спаси едно дете, надојдената вода му го однела детето заедно со неговите родители. Тој рече дека несреќата се случила околу 19 часот, додека тој останал блокиран во кабината на камионот сè додека не се намалило нивото на водата.
"Зад мене се појави една кола, во неа имаше маж, жена и дете. Тие бараа помош од мене, а мажот го извади детето од прозорецот на колата за да ми го предаде. Во моментот кога сакав да го земам детето, водата ги зема тројцата, после ме преврте и мене и околу три и пол часа останав блокиран во камионот”, изјави Ангеловски.
Ангеловски кој истакна дека од сите страни се слушале повици за помош, додаде дека сите луѓе што живеаат во околината на езерото излегле на помош, додека брзата помош стигна со задоцнување поради тоа што патот бил блокиран.
Најпогодени места од невремето и попллавите се населбите Стајковци, Арачиново, Сингилиќ и Смилковци.
Министерството за врантрешни работи соопшти дека досега 20 луѓе го загубиле животот во овие населени места, 6 се водат како исчезнати, десетици се повредени, и додаваат дека податоците не се конечни.
Од Управата за хидрометеоролошки работи и за вечер предвидуваат силни врнезхи од дожд, проследени со силен ветер, особено во северозападниот дел од земјата.