Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Hilal Karyağdı
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ГАЗА (АА) - Бројот на Палестинците кои израелските војници ги усмртија во Појасот на Газа денес, на „Денот на земјата“, се зголем на седум, потврди Ашраф ал-Кидра, портпаролот на Министерството за здравство на Палестина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ал-Кидра додаде дека се повредени околу 500 лица.
Претходно во текот на денот, во израелско гранатирање на земјоделското подрачје на јужниот дел на Појасот Газа, убиен е палестински фармер, додека друг е повреден.
Гранатирањето денес се случи само неколку часа пред планираните палестински демонстации под називот „Голем марш за враќање“ на границата на Појасот Газа и Израел, на кои на шест различни подрачја, се собираат десетици илјади луѓе.
По повод „Голем марш за враќање“ на различни погранични подрачја се поставени и шатори. Палестинската страна тврди дека се во прашање мирни демонстрации. Меѓутоа, командантот на израелската војска, Гади Еисенкот порача дека во случај на напад на израелската структура на војниците ќе им дадат дозвола за употреба на оружје.
Од 2007 година Појасот Газа се наоѓа под израелска и египетска блокада која ја уништи економијата и лиши околу два милиони жители од основните потреби.