Dzihat Aliju
03 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот директор на турските фондации, Аднан Ертем, соопшти дека при крај се работите на проектите за џамиите Али Паша во Охрид, Јахја Паша во Скопје и Мехмед Хоџа во Битола и дека во најкус временски период ќе започне нивна реставрација, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директорот Ертем, во рамките на посетата на Скопје ќе оствари неколку средби. Со дописникот на АА зборуваше во врска со проектите кои институција ги спроведува во Македонија.
Тој истакна дека како Генерален директорат на фондации, продолжуваат со своите проекти за реставрација на објекти во Македонија и дека е дојден во Македонија со цел да изврши нивно надгледување и да даде насоки за вршување на активностите.
Генералниот директор Ертем истакна дека при крај е реставрацијата на градската џамија Хајдар Кади во Битола и додаде: „За околу месец и пол џамијата ќе биде отворена за верниците. Сметам дека тоа е многу важен и добар проект. Досега во Македонија беа спроведени многу проекти и сметам дека овие проекти имаат големо значење од аспект на едуцирање во реставрацијата на објектите. Исто така при крај се и проектите за џамиите Али Паша во Охрид, Јахја Паша во Скопје и Мехмед Хоџа во Битола. По завршувањето на овие проекти, ќе бидат спроведени тендерите за реставрација на овие објекти".
Покрај тоа, генералниот директор на турските фондации Ертем, рече дека се сретнал со претставниците на Исламската заедница во Македонија кои се одговорни за заштитата на ваквските објектите од Отоманскиот период. Тој додаде дека се работи на подготовка на проекти за реставрација и на други објекти.
За да може соработката на оваа иституција со Министерстото за култура на Македонија да се донесе на едно повисоко ниво, генералниот директор Ертем рече дека подготвиле протокол поврзан со реставрацијата на објектите од овој вид како и историските објекти од Отоманскиот период.
- Можна соработка и на полето на здравството -
Во врска со останатите проекти кои ги спроведуваат во Македонија, генералниот директор Ертем рече:
„Со храна ги помагаме сиромашните во Македонија. Основната филозофија врз која се формирани Отоманските вакуфи била помошта за сиромашните. Независно дали станува збор за муслимани или припадници на друга религија, доколку некој е сиромашен и потребна му е помош, тогаш според вакуфот, на тоа лице треба да му се помогне. Ние, како претставници на Отоманските вакуфи, во согласност со основните начела на вакуфот, даваме помош во храна".
Покрај реставрација и помош во храна, генералниот директор на турските фондации Ертем, додаде дека делуваат и на полето на здравството. Тој истакна дека на сиромашните и на оние на кои им е потребна здравствена помош, без оглед на религијата, им овозможуваат лекување во Турција.
Иако пректот на полето од здравството го водат веќе една година, поради слабата информираност, тој рече дека е мал бројот на пријавени.
„Им овозможуваме на граѓаните на Македонија кои имаат потреба од лекување, без надоместок, тоа да го направат во Турција. Со еден нивен придружник ги праќаме во Турција и по лекувањето ги враќаме во Македонија. Иако веќе една година делуваме на полето на здравството, поради слабата информираност, имаме мал одзив. Да, има луѓе кои дојдоа и ние го реализиравме нивното лекување. Сите граѓани на Македонија кои имаат потреба од лекување, но немаат финансиска можност, можат да аплицираат во Исламската заедница или во Амбасадата на Турција во Скопје, и искористувајќи ги можностите на Генералниот директорат за фондации, можат бидат лекувани во Турција", рече Ертем.
Генералниот директор Ертем истакна дека продолжува со работа заведувањето на објеките на вакуфот во Македонија и по завршувањето на проектот, во дигитална форма ќе им бидат предадени на одговорните од Архивот на Македонија. Тој додаде дека планираат да подготват книга поврзана со овој проект.