Lokman İlhan
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
БОГОТА (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе ја посети Колумбија во знак на поддршка на мировните напори во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мисијата на ОН во Колумбија соопшти дека Гутереш ќе ја започне работната посета на Колумбија со состанок со претседателот на таа земја, Хуан Мануел Сантос на 13 јануари.
Истакнато е дека на состанокот во палатата Каза Нарино (Casa de Narino), во Богота ќе присуствуваат членовите на Владата и претставниците на безбедносните сили.
Генералниот секретар би требало да посети и еден од камповите на милитантите на Револуционерните безбедносни сили на Колумбија (FARC) којашто го остави оружјето.
Планирано е Гутереш да замине од Колумбија во понеделник.