Ayhan Şimşek
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - Владата на Германија донесе одлука за повлекување на своите сили од воената база „Инџирлик“, во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Наведено е дека германската единица којашто се состои од војници, авиони за извидување и авиони за полнење гориво, ќе биде префрлена на територијата на Јордан.
Одлуката на Германија за повлекување од „Инџирлик“, се случи откако Турција, во средината на мај, не издаде одобрение на германските парламентарци за посета на воената база во „Инџирлик“.
Тогаш е наведено дека надлежните турски институции процениле дека одобрувањето на барањето за посета на воената база од страна на германските парламентарци во моментот не е прифатливо.