Ayhan Şimşek
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
БЕРЛИН (АА) - Локалните медиуми денес известуваат дека германската полиција активно трага по главниот осомничен кој Турција го бара поради неговата улога во неуспешниот обид за пуч, кој се случи во 2016 година во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата ширум земјата активно го бара Адил Оксуз, предавачот по теологија, обвинет за планирање на пучот на 15 јули во 2016 година, известува дневниот весник Зидојче Цајтунг (Suddeutsche Zeitung) како и јавните телевизиски канали WDR и NDR.
Според извештаите, на 14 ноември 2017 година беше упатено барање до сите полициски оддели да ја информираат Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција за какви било наоди кои ќе помогнат во откривање на местото на живеење на главниот осомничен за неуспешниот државен удар.
Но, германските власти не можеа да пронајдат никаков доказ кој ги поддржува тврдењата дека Оксуз се наоѓа во државата или поднел барање за азил во Германија.
Анкара издаде дипломатска нота до Берлин минатата година, откако турските медиуми тврдеа дека Оксуз бил виден во Германија, барајќи докажување дека ваквите тврдења се точни.
Дневниот весник Зидојче Цајтунг истакнува дека одлуката на германската влада на ваквиот потег е 'знак на добра волја' кон Турција покажувајќи дека Берлин сака подобрување на односите со Анкара.
Турција долго време бараше од Германија да преземе активни мерки против поддржувачите и припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои беа организатори на неуспешниот обид за пуч во Турција.
Но, германските власти немаа желба за справување со загриженоста на Анкара и досега не испорачаа ниту еден припадник на ФЕТО за судење во Турција, тврдејќи дека турската страна нема обезбедено доволно докази.
Во Германија, која е дом на над три милиони турски имигранти, ФЕТО има голема мрежа од десетици приватни училишта, бизниси и медиумски организации.
По обидот за неуспешен државен удар во 2016 година, речиси 4 000 припадници на ФЕТО од Турција избегале во Германија и другите земји, извесуваат локалните медиуми.
Неколку осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи и поранешни воени лица и дипломати, поднесоа барање за азил во неколку германски сојузни држави.
Турската и германската влада презедоа чекори во текот на последните месеци за нормализирање на односите и интензивирање на разговорите со цел решавање на нивните политички разлики.