Besar Ademi
16 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
СКОПЈЕ (AA) – Во организација на Сојузот на турските невладини организации „МАТУСИТЕБ" стотици граѓани се собраа пред амбасадата на Турција во Скопје изразувајќи поддршка на турскиот народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој се соочи со обид за пуч од припадниците на Вооружените сили лојални на терористичката организација ФЕТО предводена од Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Собраните граѓани пред амбасадата на Турција во Скопје читаа молитва за паднатите херои синоќа против државниот удар, велат дека Турција е предводена од легитимна и демократска влада и дека никој не смее да дејствува против волјата на народот.
Претседателот на „МАТУСИТЕБ" Тахсин Ибрахим кој го осуди обидот за пуч, рече дека овие предавници кои го игнорираат владеењето на правото и волјата на народот го предаваат својот народ.
„Оваа акција која беше со намера да ја наруши стабилноста на нашата татковина со соочи со народ кој одговори правило, без постигнување на целта. Турскиот народ, исто така испиша херојска историја со овој обид кој ја покажа заштита на демократијата и на државата ", рече Ибрахим.
Претходно, група на поранешни ученици на колеџот „Јахја Кемал" на Фетулах Ѓулен во знак на протест ги искинаа нивните дипломи пред зградата на колеџот. Тие апелираат до родителите да не ги запишуваат нивните деца во овој колеџ бидејќи како што велат „ние вчера грешевме, вие не грешете утре".
„Како резултат на синоќешните случувања организирани од терориситчката група на Фетулах Ѓулен денес ја изразуваме нашата длабока загриженост кон оваа образовна институција која е управувана исто од оваа група. Апелираме кон сите граѓани на Македонија да бидат внимателни кому му ги оставаат во аманет своите деца", рече Мухамед Тахири, поранешен ученик во колеџот.