Fatih Hafız Mehmet
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во придружба на турски официјални претставници, премиерот на Грција, Алексис Ципрас, денес оствари историска посета на поранешната грчка богословија на Принцевите Острови во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
На вториот ден од неговата официјална посета на Турција, Алексис Ципрас ја посети богословијата Халки на островот Хејбелијада, заедно со портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, што претставува прва посета на грчки лидер со децении.

На местото на богословијата Ципрас учествуваше на верска церемонија предводена од патријархот Вартоломеј.
Основана во 1844 година, богословијата била затворена во 1971 година според законот кој ги стави религиската и воената настава под контрола на државата.

Вчера, турскиот претседател Ердоган предложи богословијата да биде повторно отворена, доколку Атина ги подобри условите за муслиманската заедница во Западна Тракија, област во Грција со голем процент на турско муслиманско население.
Пред посетата на островот Хејбелијада, Ципрас ја посети Аја Софија.