Hatice Özdemir,Sultan Çoğalan,Meltem Bulur
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ГАЗИАНТЕП (AA) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел го посетија бегалскиот камп во Низип, во југоисточниот турски град Газиантеп, во близина на границата со Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Заедно со Давутоглу и Меркел, кампот го посетија и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс, како и бројни турски функционери.
Давутоглу и Меркел за време на посетата на кампот разговараа со бегалците и децата кои престојуваат во кампот, а на влез во кампот ги дочекаа сириските девојчиња облечени во народна носија.
Кампот основан во 2013 година а се простира на 145.000 метри квадратни, а во него живеат 4.818 сириски бегалци. Од денот на основањето до денес во кампот се родени 363 деца. Од друга страна, речиси две илјади деца по потекло од Сирија посетуваат настава.
Денешната посета во кампот на Давутоглу и Меркел ја следат околу 300 домашни и странски новинари.
Според податоците на Дирекцијата за итни и вонредни ситуации на Република Турција (AFAD) во кампот се наоѓа спортска сала, парк за деца, продавница и други објекти.
Турција до сега своите врати ги отвори за околу три милиони сириски бегалци, на кои им овозможи и бесплатно пружање на здравствени услуги. На згрижување на бегалците по стандардите на Обединетите нации потрошено е околу десет милијарди долари.