Давутоглу: Новата влада ќе гради послободна, поправедна, постабилна Турција
Давутоглу вели дека неговата партија сака да воспостави една Турција „која ќе расте зајакната во демократија“
?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
АнкараАНКАРА (АА) – Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, рече дека новата влада на Партијата за Правда и развој (АК Parti) во новиот мандат ќе работи врз градење на земја каде луѓето ќе уживаат поголеми слободи, правда и стабилност.
„Ќе продолжиме кон нашата цел за послободна, поправедна и покредибилна Турција,“ рече денес за време на обраќањето кон новите пратеници од партијата АК во нејзиното седиште во Анкара.
Давутоглу изјави дека нивна цел е изградба на стабилна и динамична Турција „која ќе се засилува во демократијата“.
„Турција ќе биде земја на која сите ќе бидеме горди што сме државјани, и цивилизациски центар на светот,“ рече тој.
Турскиот премиер остана на ставот дека новиот устав е клучна потреба, како и тоа дека одговорноста за неговото изготвување не е само врз рамената на АК Партијата туку и на сите политички партии.
„Како што влегуваме во нов законодавен период, туа е и мојот повик кон опозициските партии. Ние сме подготвени за соработка во било која област, која е од интерес за нашата нација. Ајде да ги поминеме реформите што на нашиот народ им се потребни со конструктивна волја“, додаде тој.
Давутоглу, понатаму, изјави дека тие ќе стават во пракса нови реформи со "либерална и партиципативна смисла" во првите три месеци, веднаш откако ќе добијат доверба и одобрение од парламентот за државниот буџет.
„Турција ќе биде силна земја која расте и се развива паралелно како што преземаме конкретни и правилни чекори“, рече тој.
„Ние направивме солидни чекори во изминатите 13 години (за време на владеењето на партијата АК) како гаранција за ова“, додаде тој.
На предвремените избори од 1-ви ноември, партијата АК повторно го поврати своето еднопартиско мнозинство со 317 места во 550-члениот турски Парламент со освојување на 49,5 проценти од гласовите.
Партијата обезбеди речиси девет отсто повеќе гласови во споредба со нерешените општи избори од 7-ми јуни, кога ниедна партија не освои апсолутно мнозинство.
Новите пратеници на турското Големо национално собрание ќе ги дадат своите заклетви во вторник кога Парламентот, исто така, ќе го избере новиот спикер, по што претседателот, Реџеп Таип Ердоган, се очекува да му го даде мандатот на Давутоглу, како претседател на партијата АК, да формира нов кабинет.