Emel Öz Gözellik
15 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
ТОКИО (АА) - Два силни земјотреси го погодија подрачјето во близина на јапонскиот град Кумамото, еден ден откако во потресот загинаа најмалку девет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Два земјотреса, првиот со јачина од 7,1 а вториот со јачина од 7,4 степени според Рихтер се случија еден по друг, а епицентарот на земјотресите е регистриран на длабочина од 7 и 40 километри.
Јапонските власти наведоа дека е издадено предупредување за цунами.