Hakan Ceyhan Aydoğan,Sultan Çoğalan
01 Јули 2016•Ажурирано: 02 Јули 2016
СОЧИ (АА) - Заврши средбата на министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, која се одржа на маргините од засеаданието на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за црноморска економска соработка, јавува Anadolu Agency (AA).
По кризата која настана меѓу Турција и Русија откако беше соборен руски воен авион од страна на Турција, на 24 ноември 2015 година, ова е прва официјална средба меѓу министри од двете земји. Средбата се оствари во хотел во Сочи.
Министерот на Турција на почетокот од средбата даде мал увод, истакнувајќи ја важноста на овој состанок (Организацијата за црноморска економска соработка), заблагодарувајќи му се на министерот Лавров за поканата и топлото добредојде.
Чавушоглу ја спомна 25. годишнината од постоењето на организацијата, и исткна дека напорите кои ги вложуваат Русија и Турција се многу ефикасни за организацијата.
По писмото кое претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го прати до претседателот на Русија, Владимир Путин, беше остварена телефонска средба меѓу двајцата претседатели, потсети Чавушоглу.
„Toa беше многу конструктивнo и позитивнo. Во насока на нормализирање на односите и постигнување на посакуваното ниво, ни беше наложено да ги следиме темите кои биле опфатени во разговорот", рече Чавушоглу.
Министерот за надворешни работи на Русија Ларов му се заблагодари на својот турски колега за неговото учество на состанокот на Организацијата за црноморска економска соработка.
Лавров рече дека овој состанок, овозможи остварување на двојна средба меѓу министрите, како и преземање на практични чекори по пимото и телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.
Лавров и Чавушоглу, по заедничката средба со претствниците на медиумите, ја остварија двојната средба, која траеше околу 36 минути.
Лавров и Чавушоглу последен пат се сретнаа на 3-ти декември на средбата на министрите за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа во Белград.