Michael Hernandez,Betül Yürük
18 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура соопшти дека поради лични причини ќе ја напушти оваа функција кон крајот на ноември, јавува Anadolu Agency (AA).
„Моја желба е да се повлечам од чисто лични причини", рече де Мистура во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.
Де Мистура повеќе од четири години ја извршуваше должноста на специјален пратеник на Обединетите нации за Сирија.