Ekipa
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што денес беше извршен во сирискиот град Мунбич, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со посредство на сопствени медиумски канали, терористичката организација ДЕАШ соопшти дека самоубиствениот напад го извршил терорист со елек наполнет со експлозив, а дека цел на нападот била патрола на меѓународните коалициски сили.
Силната експлозија одекна денес во непосредна близина на конвојот на американската Војска што патролираше во сирискиот град Мунбич, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД, соопшти дека во бомбашкиот напад во Мунбич, Сирија, загинале американски војници.
Мунбич е подрачје покрај брегот на реката Еуфрат кое од август 2016 година е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК. Американската Војска пружа поддршка на терористите на ЈПГ/ПКК во борбата против терористите на ДЕАШ, а од Вашингтон првобитно е ветено дека и терористите на ЈПГ/ПКК ќе го напуштат тој регион по поразот на ДЕАШ.
Турција и САД во јуни минатата година постигнаа договор за мапата на патот за решавање на проблемите во Мунбич. Во рамките на тој договор, турската и американската Војска спроведуваат заеднички патроли во регионот.