Onur Usta
05 Јануари 2018•Ажурирај: 06 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Делегација на Меѓународниот клуб на новинари од Узбекистан денеска ја посети Генералната дирекција на Anadolu Agency во Анкара, а во таа пригода е истакната потреба од соработка.
Делегацијата од Узбекистан ја предводеше претседателот на клубот на новинари Шерзодкан Кудраткодјаев кој изрази желба вестите во врска со случувањата во неговата земја да бидат емитувани во рамките на сервисот на Anadolu Agency (AA) за да бидат достапни до сите претплатници на оваа агенција.
Кудраткодјаев за работата на Anadolu Agency го информираа уредникот на меѓународни вести Фарук Токат, уредникот на вестите на светските јазици Мехмет Озтурк, како и директорот за меѓународни операции Урал Јешил.
Кудраткодјаев укажа на потребта од проширување на соработката која Узбекисан со Турција ја има во областите на трговијата и дипломатијата, и на новинарството.
„Сакаме случувањата кои дошле со новиот претседател Шевкет Мирзијојев ги објавуваме преку каналот на Anadolu Agency, водечка агенција во Турција и една од водечките агенции во светот", рече тој.
Во текот на состанокот разговарано е и за можностите за соработка.