Ahmet Gürhan Kartal
22 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Турск, денес соопшти дека нацрт-документот, кој ги обликува односите по Брегзит помеѓу Велика Британија и Европската Унија (ЕУ), е договорен од двете страни, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Само што ја испратив до (земјите-членки на) ЕУ27 Нацрт-политичката декларација за идните односи помеѓу ЕУ и Велика Британија“, напиша Туск на Твитер.
Тој истакна дека бил информиран од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, дека е постигнат договор на преговарачко ниво, и начелно на политичко ниво.
Напредокот беше постигнат по состанокот на британската премиерка Тереза Мај со Јункер во Брисел за финализирање на преговорите за конечната декларација на документот.
„Имавме многу добар состанок. Постигнавме напредок, и како резултат на тоа, им дадовме доволни насоки на нашите преговарачи“, изјави Меј во интервјуто за локалните медиуми.
„Се надевам дека тие ќе можат да изнајдат решение за останатите прашања и дека работата на тоа ќе почне веднаш. Планирам да се вратам за понатамошни средби, вклучувајќи и средба со претседателот Јункер в сабота, за да разговараме како да го доведеме до крајот овој процес, а да биде во интерес на сите“, додаде Меј.
Итниот состанок беше објавен откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нема да сака да преговара со Меј доколку нема финализиран договор до вонредниот Самит за Брегзит в недела.
Велика Британија треба да го напушти Блокот во март 2019 година.