Ekipa
20 Декември 2017•Ажурирај: 20 Декември 2017
КОКС БАЗАР (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во Кокс Базар, Бангладеш, разговараше со муслиманите кои поради насилсвото на мјанмарските војници и будистите екстремисти побегнаа во Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилидирим по доаѓањето во кампот „Балукали“ го дочекаа членовите на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), од Канцеларијата за вонредни состојби при турската влада (АФАД), Црвената полумесечина на Турција и други организации.
Јилдирим на медицинскиот персонал им врачи клучеви од амбулантното возило донирано во болницата Садр во Кокс Базар.
Потоа со муслиманите од Аракан разговараше за нивните проблеми.
Со Јилдирим во посета беа неговата ќерка Бусра Бахар Којлубај, вицепремиерот Бекир Боздаг, министерката за социјална политика и семејство, Фатма Бетул Сајан Каја, претседателот на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), Али Ербаш и заменик претседателот на Партијата за правда и развој, Равза Кавакчи.
Јилдирим во кампот изјави дека турските организации пружиле помош за луѓето кои живеат во кампот „Балукали“.
Тој истака дека ќе биде направена и мобилна амбуланта и се заблагодари на владата на Бангладеш за соработката и поддршката.
Тој додаде дека имаат намера да направат бегалски камп за муслиманите од Аракан кои живеат во тешки услови, и дека на владата на Бангладеш ѝ упатиле прашање за одредување на локација.
Јилдирим смета дека враќањето на муслиманите од Аракан дома е крајно решение.
„Турција ќе продолжи да пружа помош за луѓето на кои им е потребна, без оглед во кој дел на светот се наоѓаат, ќе ги ислуша нивните проблеми и за тоа ќе ја запознава јавноста“, порача Јилдирим.
Премиерот на Турција се надева дека земјите, особено муслиманските, дополнително ќе се посветат на решавањето на проблемите на бегалците од Аракан.