Bekim Laci
23 Февруари 2016•Ажурирај: 24 Февруари 2016
СКОПЈЕ (AA) – Политичката криза како резултат на распуштањето на Собранието на полноќ ги донесе во Македонија европарламентарците Иво Вајлг, Едуард Кукан и Ричард Ховит,да изнајдат решение за проблемот кој настана после изјавата на САД и ЕУ дека земјата не ги исполнува условите за одржување на изборите на 24 април, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со европратениците лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека за време на средбата видел "светло на крајот на тунелот" и надеж дека може да се изнајде решние за кое истакна дека ставот на ДУИ е ист со тој на европските претставници.Ахмети изјави дека за време на средбата ги искоординирале активностите кои треба да се преземат до полноќ.
"Ако немаме решение до 00.00 часот земјата влегува во една непредвидлива криза, не сакаме ова да се случи", рече Ахмети. После него, на средбата со европратениците влезе лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој по одржувањето на средбата изјави дека промена на одлуката за распуштање за парламентот е нешто за што државата има потреба.
"Пролонгирањето на распуштањето треба да биде дел од општиот консензус", изјави Тачи, кој смета дека одржувањето на изборите на 24 април би било фатално за државта бидејќи го пресекува патот на Македонија кон евроатланските интеграции.
Европратениците претходно се сретнаа со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од каде информираа дека Заев го повторил ставот дека со проценката на ЕУ и САД дека нема услови за кредибилни избори кои би се одржале на 24 април, ја претставува фактичката ситуација во државата.
Европратениците треба да се состанат и со претседателот на Владата Емил Димитриев.
Претходно, ДУИ и ДПА со една иницијатива се обидуваат да закажат парламентарна седница на која ќе се гласа за повлекување на одлуката за распуштање на Собранието.